Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2017

Конте: Диего добро шутираше, Мињоле одличен

Иако неговиот тим имаше голема шанса со пеналот на Диего Коста да дојде до триумф на „Енфилд роуд“, Антонио Конте е задоволен што Челзи одигра реми со Ливерпул.

„Кога имате пенал во 76-тата минута, верувате дека сте можеле повеќе. Диего шутираше добро, но Симон Мињоле одлично одбрани“, изјави Конте по ремито во дерби-натпреварот од 23-тото коло.
Челзи беше значително блиску да ги освои трите бода, но Италијанецот потенцираше дека и ова е успех, со оглед на пеколната атмосфера.
„Бев играч и добро знам колку е тешко да се игра во ваква атмосфера. Поради тоа сум горд на играчите што покажаа карактер“, додаде Конте.
Покрај ова реми, Челзи ја задржа предноста во однос на Тотенхем, а ја зголеми во однос на Арсенал, бидејќи двата градски ривали сега заостануваат со девет бодови.

 

Најнови вести