Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2017

Лихтштајнер останува во Јувентус

Стефан Лихтштајнер, фудбалерот на Јувентус, ја продолжи соработката за уште една година.

Откако испадна од конкуренцијата за Лигата на шампионите по одлуката на Масимилијано Алегри, Стефан Лихтштајнер беше на прагот да си замине од Јувентус.
Но не се случи тоа, па овој 33-годишен фудбалер ќе остане уште една година плус во клубот, сè до јуни 2018 година.
Тој денес го обнови договорот кој му истекуваше на крајот на оваа сезона.
Овој Швајцарец влезе во историјата на Јувентус, тој е еден од шестмината фудбалери коишто беа во клубот претходните пет сезони кога се освојуваше шампионската титула
Сè е објавено и на официјалната интернет-страница на Јувентус.

 

Најнови вести