Корисничко име Лозинка Пријави се
03.2.2017

Пирес: Ако Арсенал изгуби од Челзи, Премиер лигата е завршена

Робер Пирес, некогашниот фудбалер на Арсенал, изјави дека одлуката за шампионот на Премиер лигата ќе биде конечна ако Арсенал изгуби од Челзи викендов.

„Сините“ се лидери на табелата и имаат девет бодови повеќе од Тотенхем и Арсенал, а десет од Ливерпул.
Челзи и Арсенал играат утре, од 13.30 часот на„Стемфорд бриџ“. Во првиот натпревар меѓу двете екипи на „Емирати“ тимот на Арсен Венгер славеше со 3-0.
„Ќе биде тешко, посебно по поразот од Ватфорд. Беше ужасно. Утре имаме нова шанса. Според мое мислење, тоа ќе биде големо финале на Премиер лигата. Ако победи Челзи, мислам дека Премиер лигата е завршена“, изјави Пирес.
„Челзи игра многу добро, има добар тим, компактен. Играат заедно, имаат италијанска филозофија. Челзи можеби е посилен, но мораме да веруваме дека имаме шанса. Последна шанса. Арсенал има проблем бидејќи ја поседува топката, но не прави разлика на теренот. Кога играте против Челзи, имате проблем, бидејќи тоа е тим кој има капацитет да ја контролира играта, се носи со притисокот на ривалите и има добра транзиција од одбраната за да направи разлика за Диего Коста“, додаде Пирес.

Најнови вести