Корисничко име Лозинка Пријави се
05.2.2017

Конте: Уште не сме ја освоиле титулата

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, по победата над Арсенал изјави дека неговиот тим сепак уште не е шампион.

Челзи вчера го победи Арсенал со 3-1 и сега има девет бодови повеќе од второпласираниот Тотенхем.
Сепак, италијанскиот стручњак е внимателен пред продолжението на првенството.
„Не ја освоивме титулата. Тоа е важно да го знаеме и да ја задржиме високо дигната ’антената’. Јас во текот на кариерата сум победувал, но и сум губел. Играв во три финалиња на Лигата на шампионите и освоив едно. Губев титули во слични ситуации како што е оваа. Поради сето ова имам искуство во вакви ситуации“, изјави Конте.

Најнови вести