Корисничко име Лозинка Пријави се
09.2.2017

Маскерано неизвесен за ПСЖ

Хавиер Маскерано, фудбалерот на Барселона, би можело да го пропушти првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ поради повреда на бутниот мускул.

Барселона наведе дека по лекарските прегледи е утврдено дека Маскерано го повредил бутниот мускул на левата нога во текот на реванш-натпреварот против Атлетико Мадрид (1-1) од полуфиналето на Кралскиот куп.
Маскерано го заврши натпреварот одигран во вторникот, но потоа се пожалил на проблем со бутниот мускул.
Барселона во вторник, на 14-ти февруари ќе игра во Париз против ПСЖ, во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, а пред тоа, во сабота му гостува на Алавес во рамките на Ла Лига.

Најнови вести