Корисничко име Лозинка Пријави се
17.2.2017

Клатенбург ја напушта Премиер лигата, оди во Арабија

Официјално најдобриот европски судија Марк Клатенбург ќе ја напушти англиската Премиер лига поради понудата од Саудиска Арабија, пренесува Би-би-си.

Клатенбург има 41 година, а минатата сезона го судеше финалето на ФА купот, Лигата на шампионите и Европското првенство во Франција.
Тој во декември изјави дека би размислил околу тоа да си замине од Англија и да оди во кинеската Суперлига.
Таблоидот „Сан“ наведува дека Клатенбург  би можело да си оди од Англија пред 25-ти февруари, кога продолжува натпреварувањето во Премиер лигата.
Клатенбург, наводно, е разочаран бидејќи судиите ја немаат потребната поддршка во Премиер лигата, поради што неговата одлука за заминување е неминовна.
Тој пред Божиќ бараше да го раскине договорот, но тоа барање му беше одбиено.

Најнови вести