Корисничко име Лозинка Пријави се
21.2.2017

Барселона најде десен бек

Фудбалскиот клуб Барселона по повредата на Видал, има право да доведе десен бек, од домашните лиги или играч без договор.

Според прописите, коишто важат само во Шпанија, тој може да игра во Купот, каде што Каталонците стигнаа до финалето, и во Примера лигата, додека во Лигата на шампионите нема право на настап.
Како што пишуваат тамошните медиуми, Видал ќе го замени Хуанфран од Депортиво Ла Коруња.
Барселона на Депортиво ќе мора да му плати осум милиони евра за него бидејќи во договорот толку изнесува откупната клаузула.
По враќањето од Ватфорд, каде што не се наигра многу, Хуанфран оваа сезона имаше одлични партии во дресот на клубот од Ла Коруња, за која одигра 19 натпревари и постигна четири гола.

Најнови вести