Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2017

Гриезман: Не размислувам за заминување

Антоан Гриезман, фудбалерот на Атлетико Мадрид, изјави дека е среќен во шпанскиот клуб и додаде дека не размислува за тоа да ја менува средината, пренесоа шпанските медиуми.

Многу британски и шпански медиуми претходните денови пишуваа дека на овој 26-годишен напаѓач прва желба во претстојниот преоден рок му е Манчестер јунајтед, но Гриезман уште еднаш изјави дека нема никакви планови за трансфер.
„Среќен сум во Мадрид. Ништо не се променило. Не размислувам што ќе правам во иднина. Размислувам само за тоа што е на теренот“, изјави Гриезман.
Тој во 2014 година од Реал Сосиедад направи трансфер во Атлетико Мадрид и оттогаш за „јорганџиите“ одигра 147 натпревари и постигна 79 голови.

Најнови вести