Корисничко име Лозинка Пријави се
03.4.2017

Бензема стрелец против сите тимови во Примера

Карим Бензема, напаѓачот на Реал Мадрид, го постигна првиот гол во победата на неговиот тим против Алавес (3-0) во 29-тото коло на шпанското првенство.

Французинот во стрелците се запиша во 31-вата минута од средбата и со тоа стана сопственик на необично остварување.
Бензема постигнал голо против сите противници во Примера лигата, односно против 31 клуб.
Напаѓачот на кралскиот клуб во тековната сезона постигна девет погодоци и четири асистенции во 23 натпревари во Примера лигата.
Вкупно забележа 120 погодоци во 237 натпревари во првенството на Шпанија.

 

Најнови вести