Корисничко име Лозинка Пријави се
20.4.2017

Жардим: Веќе не постојат граници

Леонардо Жардим, тренерот на Монако, изјави дека е многу горд на неговиот тим, кој со победата над Борусија Дортмунд се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Лидерот на француското првенство во двомечот од четврт-финалето славеше со вкупен резултат 6-3. Во Германија Монако беше подобар со 3-2, а во реваншот на стадионот „Луј Втори“ победи со 3-1.
„Резултатот можеше да биде поинаков бидејќи и двата тима пропуштија неколку шанси. Знаевме дека ќе ни дадат простор и тоа го искористивме. Сите играчи беа на исклучително високо ниво и горд сум на учинокот на секој од нив. Сега веќе не постојат граници. Ја претставуваме целата држава, а Франција не е навикната да има тим во оваа фаза од натпреварувањето“, изјави Жардим.
Во борбата за финалето на елитното натпреварување ќе бидат уште двата тима од Мадрид, Реал и Атлетико, и Јувентус.
„Сите ќе нè сакаат нас во полуфиналето, а наша цел е да уживаме и да играме напаѓачки, како и досега. Бевме добри во четврт-финалните натпревари, ја контролиравме ситуацијата, покажавме амбиција. Секогаш одевме на гол, тоа е во нашата ДНК“, додаде тренерот на Монако.
Паровите на полуфиналето ќе се одредат на утрешната ждрепка.

Најнови вести