Корисничко име Лозинка Пријави се
20.4.2017

Буфон и понатаму црна точка во кариерата на Меси

Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери и напаѓачи на сите времиња, а тоа го имаат почувствувано многу светски и европски клубови.

Аргентинецот со Барселона освои сè што може да се освои, собори голем број рекорди, но и понатаму има неколку несовладливи пречки.
Најголема е таа што ништо не направи со репрезентацијата, а другата ја претставува еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот – Џанлуиџи Буфон.
Меси во текот на кариерата постигна 498 голови за клубот, 58 за националниот тим, но ниту еднаш не ја затресе мрежата на легендарниот Џиџи. Четири пати стоеше спроти 39-годишниот Италијанец и немаше успех.
Интересно е тоа што момчето од Росарио беше кобно дури за 130 голмани, меѓу кои се и оние најдобрите – Икер Касилјас, Јан Облак, Мануел Нојер, Давид де Хеа, Петр Чех, Тибо Куртуа, Едвин ван дер Сар...
Вчера двете екипи ремизираа на „Камп ноу“ (0-0) и Јувентус се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите благодарение на убедливата победа во првиот натпревар од 3-0.

Најнови вести