Корисничко име Лозинка Пријави се
06.5.2017

Игуаин нема да игра против Торино?

Масимилијано Алегри ќе одмори неколку фудбалери во натпреварот против Торино во Серија А.

Јувентус има простор да калкулира во Серија А, неговата предност е огромна, а титулата би можело да ја освои уште овој викенд во натпреварот против Торино.
Алегри изјави дека ќе има измени, најави дека ќе брани Нето наместо Буфон, кој е стандарден оваа сезона, а тука нема да биде крајот.
На натпреварот веројатно ќе биде отсутен и Гонзало Игуаин, Манџукиќ би можело да влезе во самиот шпиц, а Стураро и Куадрадо во тој случај би играле по страните. Пауло Дибала би останал на неговата стандардна позиција.
Натпреварот меѓу Јувентус и Торино се игра вечерва, од 20.45 часот.

Најнови вести