Корисничко име Лозинка Пријави се
17.5.2017

Манџукиќ доби покачување и нов договор во Јувентус

Марио Манџукиќ, кој пред две години од Атлетико Мадрид направи трансфер во Јувентус од Торино за 20 милиони евра, оваа сезона постигна девет голови и забележа осум асистенции.

Напаѓачот на Јувентус за одличните партии ќе биде награден со нов договор до 2020 година и покачување на платата на пет милиони евра, пишува италијанскиот „Тутоспорт“.
Јувентус сака да го осигури останувањето на хрватскиот фудбалер по летниот преоден рок, по заинтересираноста од Кина и од Турција, и за 1,5 милиони евра му ги зголеми примањата, а соработката ја продолжи за една сезона повеќе од досегашната.
Тоа значи дека Манџукиќ во Јувентус би останал до неговата 34-та година, речиси до крајот на кариерата, и стана еден од најплатените играчи на тимот.
Манџукиќ, кој пред две години од Атлетико Мадрид направи трансфер во Јувентус за 20 милиони евра, оваа сезона постигна девет голови и забележа осум асистенции.
Но, статистиката не го отсликува неговиот најдобар учинок бидејќи одлично се снајде на левото крило во формацијата 4-2-3-1 на тренерот Масимилијано Алегри.

 

Најнови вести