Корисничко име Лозинка Пријави се
17.5.2017

Финале на Копа Италија: Јувентус го дочекува Лацио на „Олимпико“

Вечерва во 21 часот се игра големото финале на јубилејното 70-то издание на Купот на Италија - во Рим за трофејот ќе се борат Јувентус и Лацио.

Финалето на Купот на Италија традиционално се игра во престолнината на стадионот „Олимпико“, така што со причина се очекува домашните навивачи да пружат бучна поддршка на нивните миленици против клубот кој има најголема армија навивачи низ целата земја.
„Старата дама“ може да се пофали дека има повеќе успеси во меѓународните средби, меѓутоа треба да се напомни дека фудбалерите на Лацио моментно се во малку подобра форма.
Фудбалерите на Лацио на последните пет натпреварувачки дуели имаа скор од три победи и по едно реми и пораз, додека клубот од Торино забележа два триумфи, два нерешени резултати и еден пораз, кој го доживеа од Рома минатиот викенд. Јувентус, кој е три кола без победа во Калчо лигата, има четири бода повеќе од „волчицата“ пред последните две рунди од натпреварувањето во тековната првенствена трка.
Од друга страна, избраниците на Симеоне Инзаги се наоѓаат на четвртото место на табелата со 15 големи чекори заостанување во однос на Јувентус, но сепак порано обезбедија место на меѓународната сцена, но нема да се задоволат само со тоа, туку ќе се обидат одличната сезона да ја крунисаат со седмиот пехар во националниот куп.
„Небесно-сините“ последен пат триумфираа во 2013 година, кога со резултат 1-0 го победија градскиот ривал Рома, додека две години подоцна во големото финале изгубија токму од „бјанконерите“ со 2-1, и тоа по продолженијата. Трофејот го брани Јувентус, кој е со 11 пехари, воедно и најуспешен во Купот на Италија, во којшто и оваа сезона учество зедоа 78 клубови. Финалето се игра во 21 часот.

Најнови вести