Корисничко име Лозинка Пријави се
26.5.2017

Иниеста: Можеби нема да ја дочекам пензијата во Барселона

Андрес Иниеста, фудбалерот на Барселона, изјави дека не е сигурен дали кариерата ќе ја заврши во матичниот клуб.

Иниеста изјави дека е подготвен и на опцијата летото 2018 година да ја напушти Каталонија.
Договорот му истекува во јуни 2018 година, кога ќе има 34 години, а неговите зборови доаѓаат откако оваа сезона само на 13 натпревари во шпанската Примера лига беше во првата постава.
„Мојот план е минимум да го одработам договорот до крај, а потоа ќе видиме. Има разни опции, прашање е вредноста, но не кажувам дека нема да потпишам нов договор. Со оглед на тоа како помина оваа сезона, како се промени сè, научив многу работи. Кога ќе дојде време за разделба, сигурно нема да му пречам на клубот“, изјави Иниеста.
Одлуката на Иниеста веројатно многу ќе зависи од улогата кај новиот тренер на Барселона, веројатно Ернесто Валверде, кој е главен фаворит да го наследи Луис Енрике.
Иниеста целата кариера ја помина на „Камп ноу“, од младите селекции и 1996 година, а со првиот тим освои дури 28 трофеи, меѓу кои четири на Лигата на шампионите и осум титули на Премиер лигата.

Најнови вести