Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2017

Роналдо како Меси – затаил данок од 15 милиони евра?

Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер на светот и прва ѕвезда на Реал Мадрид, се соочува со обвинение од страна на шпанските обвинители дека затаил данок од 14, 7 милиони евра.

Повеќе шпански медиуми пренесуваат дека до крајот на јуни ќе биде покрената постапка против Португалецот врз основа на истрагата на даночните службеници дека од 2011 до 2014 година на Девствените Острови ги сокрил неговите приходи од продажбата на правата за имиџот.
„Тоа не е случајно украдено, прекршен е законот свесно и намерно“, изјавија од шпанското обвинителство, а пренесува „Ел Паис“.
На Роналдо му се заканува затворска казна од 15 месеци, со тоа што нема да ја отслужи меѓу решетки бидејќи според шпанскиот закон, доколку претходно немал слични прекршоци и ако казната е под две години, може да ја служи надвор од затвор.
Пред Роналдо, проблеми поради затајување данок имаа Лионел Меси, Нејмар, Алексис Санчес и други фудбалери кои играа или играат во Шпанија.

Најнови вести