Корисничко име Лозинка Пријави се
17.7.2017

Роналдо е душата на Реал

Славниот шпански фудбалер Мичел Салгадо изјави дека мали се шансите Кристијано Роналдо да го напушти Реал од Мадрид поради некој друг европски гигант и дека кариерата веројатно ќе ја заврши во дресот на кралскиот клуб.

Португалскиот фудбалер повеќе седмици е предмет на шпекулации, а многумина го поврзуваа со Манчестер јунајтед. Шпекулациите посебно се засилија кога беше објавено дека Роналдо е под истрага поради затајување данок. Но, Жозе Мурињо, менаџерот на „црвените ѓаволи“ ја негираше можноста дека Роналдо ќе дојде на „Олд Трафорд“, а Салгадо изјави дека верува дека Реал е единствениот клуб за Португалецот.
„Не го гледам Роналдо во некој друг дрес, барем не во врвниот фудбал. Можеби ќе се повлече во Реал или можеби ќе се обиде во некоја друга лига, како МЛС. Но, што се однесува до врвниот фудбал во Европа, се сомневам дека Роналдо ќе сака да го промени клубот. Сметам дека се чувствува комфорно во Реал“, изјави Салгадо.
Тој, исто така, додаде дека верува дека Роналдо има мал простор за напредок и дека научил да блесне на големи натпревари.
„Во овој момент, тој е нашата душа. Тој е момчето кое го бараме на теренот кога играме големи натпревари. Мислам дека тоа е работа која ја научил минатата сезона. Подготвен е да биде Кристијано Роналдо кога ни е потребно, во четврт-финалињата, во полуфиналињата и во финалињата. Поради тоа мислам дека ја штеди енергијата во текот на сезоната. Одлично игра под водство на Зинедин Зидан и физички е одлично подготвен. Можеби не може дополнително да го подигне неговото ниво, но ќе биде многу важен играч за Реал“, додаде Салгадо, кој во дресот на Реал одигра 245 натпревари и освои четири трофеи во Премиер лигата и два во Лигата на шампионите.

Најнови вести