Корисничко име Лозинка Пријави се
18.7.2017

Шченсни и официјално во Јувентус

Војќех Шченсни, досегашниот голман на Арсенал, потпиша договор со Јувентус, пренесоа италијанските медиуми.

Полскиот репрезентативец претходните две сезони ги помина на заем во Рома, која немаше можност да го откупи договорот на дваесет и седумгодишниот чувар на мрежата.
Вредноста на договорот со Јувентус е околу десет милиони евра, плус бонуси од два милиони, односно 3,5 милиони евра по сезона.
Шченсни првата сезона во Јувентус ќе биде резервен голман бидејќи доаѓа како наследник на Џанлуиџи Буфон, кој планира да се повлече по Светското првенство наредната година.

Најнови вести