Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2017

Реал на пенали подобар од Кака, Швајни, Вилја...

Фудбалерите на Реал Мадрид ремизираа 1-1 Ол стар тимот на американската МЛС-лига, а потоа го совладаа во пенал-серијата.

Шампионот на Европа поведе со голот на Борха Мајорал во 59-тата минута од натпреварот, а пеналите на екипата од МЛС ѝ ги донесе Дом Двајер на три минути пред крајот на средбата.
Но, Двајер потоа не погоди во првата серија на пеналите, по него и Џовани дос Сантос, па не можеа да помогнат погодоците на Валери и Алмирон.
Сигурни од 11 метри за Реал Мадрид беа: Карим Бензема, Герет Бејл, Матео Ковачиќ и Марсело.
Реал натпреварот го почна во состав: Навас – Ернандес, Начо, Хакими – Крос, Љоренте, Иско – Асенсио, Лукас, Мајорал.
Подоцна во игра влегоа: Арнаис, Бејл, Бензема, Карвахал, Каземиро, Себалјос, Лука, Ковачиќ, Марсело, Тахеро, Валјехо и Јанез.
Првите 11 во тимот на МЛС ги сочинуваа: Хауард – Гарза, Ван Дам, Капелхоф, Зуси – Кака, Швајнштајгер, Бредли – Џовинко, Вилја, Алтидор.
Шанса во продолжението добија и Акоста, Алмирон, Бизли, Дос Сантос, Двајер, Фрај, Грана, Хеџс, Мекарти, Николиќ, Паркурст, Пјати и Валери.

Најнови вести