Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2017

Огномет на стартот на Премиер лигата, Арсенал го победи Лестер со 4-3

„Топчиите“ направија пресврт во натпреварот против шампионот од пред две години и со головите во последните десетина минути стигнаа до првите три бода.

Фудбалерите на Арсенал синоќа на нивниот стадион го победија Лестер со 4-3 во првиот натпревар од новата сезона на англиската Премиер лига.
Во многу возбудливиот дуел на стадионот „Емирати“ имаше два пресврти и на крајот славеа навивачите на Арсенал.
Екипата на Арсен Венгер одлично го почна дуелот и поведе уште во втората минута со голот на Александр Лаказет, дебитантот во Премиер лигата, по асистенцијата на Мохамед Елнени.
Само по три минути, Лестер успеа да возврати, стрелец на погодокот за изедначување беше Оказаки, а во 29-тата минута тимот на Крег Шекспир направи пресврт со голот на Џејми Варди.
Делуваше дека Лестер на полувремето ќе има предност од еден гол, но по одличната акција, Велбек во втората минута од судиското продолжение на времето му донесе изедначување на Арсенал.
Лестер во 56-тата минута по втор пат на натпреварот дојде до предност, а стрелец повторно беше Варди, кој скокна над одбраната на Арсенал по корнерот на Ријад Марез.
Арсенал сè до 83-тата минута не успеа да дојде до гол, иако константно му се закануваше на Каспер Шмајхел. Прво Арон Ремзи, по проигрувањето на Гранит Џака, погоди за изедначување, а две минути подоцна голот за триумфот го постигна Оливие Жиру, и тоа повторно по асистенцијата на Џака.

Најнови вести