Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2017

Револуција на Островот – Англичаните ќе го скратат преодниот рок

Клубовите од англиската Премиер лига почнале консултации во врска со потенцијалното скратување на летниот преоден рок, пренесува „Скај спортс“.

Како што се наведува, идејата е летниот пазар да заврши пред почетокот на сезоната, бидејќи клубовите сега ќе може да купуваат нови играчи малку помалку од три седмици по почетокот на натпреварувачката година, односно до првиот ден на септември.
Сите клубови од елитниот ранг наредниот месец ќе одржат состаноци за да дискутираат на оваа тема, а британскиот портал пренесува дека повеќето клубови се согласуваат со предлогот за порано затворање на преодниот рок, како и тоа дека уште на наредниот состанок на акционерите во септември тој би можел да биде изгласан.
За да се случи тоа, 14 од 20 клубови од најсилниот ранг на натпреварувањето ќе мора да го дадат нивниот глас.
Како единствена мана на оваа промена се истакнува дека потенцијален проблем може да биде неможноста да се доведуваат замени, во случај на повреди и други непредвидливи ситуации, ако преодниот рок би завршил дваесетина дена порано од останатите делови во светот.
Клубовите во случај на промени, и понатаму би можеле да продаваат играчи сè додека во земјата од којашто доаѓа заинтересираната екипа сè уште трае преодниот рок.

Најнови вести