Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2017

Јувентус без Манџукиќ и Кјелини во Барселона

Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ нема да биде во составот на Јувентус, кој во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите денес ќе ѝ се спротивстави на Барселона.

Барселона на „Камп ноу“ ја дочекува „старата дама“ во дербито на групата, но италијанскиот тим ќе биде ослабен бидејќи нема да игра Манџукиќ, кој се повреди на натпреварот од Серија А против Киево.
Јувентус во саботата го победи Киево со 3-0, а Хрватот играше до 38-мата минута, кога го замени Бентанкур.
Клубот од Торино на официјалната интернет-страница издаде соопштение по повод отсуството на Манџукиќ во кое наведе дека фудбалерот ја обновил повредата на потколеницата, со која се здоби додека беше со репрезентацијата.
Тој се повреди во натпреварот против Косово, но играше во дуелот против Турција, кога само ја влоши состојбата на повредата. Освен Манџукиќ, Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус, во Барселона нема да може да смета и на повредените Кјелини и Хеведес, како и на суспендираниот Куадрадо.

Најнови вести