Корисничко име Лозинка Пријави се
21.9.2017

Зидан: Не сакаше да влезе топката

Тренерот на Реал Мадрид изјави дека претседателот на клубот веднаш влегол во соблекувалната и им дал поддршка на играчите по поразот од Бетис.

Реал изгуби на домашен терен со 1-0, па по пет одиграни кола, има седум бодови помалку од Барселона.
„Флорентино дојде во соблекувалната веднаш по натпреварот за да ги охрабри играчите“, изјави Зидан и додаде:
„Мораме да бидеме мирни и стрпливи. Сезоната е многу долга.“
„Нема многу што да се каже или да се направи кога топката едноставно не сака да влезе. Не одигравме брилијантен натпревар, но далеку од тоа дека бевме лоши“, додаде Французинот и даде коментар за враќањето на Роналдо во тимот.
„Среќни сме што конечно е со нас. Работите не се добри, но мораме да продолжиме да работиме“, изјави Зидан.
Реал доминираше против Бетис, упати дури 27 удари, но на крајот ја прекина неверојатната низа од 73 натпревари на коишто постигнуваше барем по еден гол.
Екипата на Зинедин Зидан имаше шанса да стане прв тим во историјата кој на 74 последователни натпревари постигнал гол, но ниту еднаш не погоди против Бетис и останува изедначен со бразилскиот Сантос, кој во 1963 година ја направи истата работа.
Реал низата ја почна на 30-ти април 2016 година, на натпреварот против Реал Сосиедад во гости, а претходно Манчестер сити ја сочува мрежата од мадридскиот клуб на 24-ти април, во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Најнови вести