Корисничко име Лозинка Пријави се
03.10.2017

Барселона штрајкува – денес нема тренинзи

Фудбалскиот клуб Барселона донесе одлука да стапи во штрајк, па денес ниедна категорија на клубот нема да има тренинзи.

Каталонскиот клуб одлучи да им даде поддршка на сограѓаните коишто во неделата се обидоа да одржат референдум за независност на Каталонија.
Исходот од неделата на сите им е добро познат, видовме масовни протести во коишто полицијата не бираше средства за да ги спречи граѓаните да се изјаснат.
Барселона поради безбедност одлучи против Лас Палмас да игра без публика, а еден ден подоцна на нејзиниот официјален профил на „Твитер“ објави дека престанува со сите активности.
„Фудбалскиот клуб Барселона се приклучува во движењето за демократија и поради тоа клубот ќе биде затворен во вторник“, се наведува на нејзиниот официјален профил на „Твитер“.
Набрзо потоа на профилот беше објавено дека сите младински селекции нема да имаат тренинзи.

 

Најнови вести