Корисничко име Лозинка Пријави се
24.10.2017

Беневенто го отпушти тренерот

Италијанскиот прволигаш Беневенто го отпушти тренерот Марко Барони по низата очајни резултати на стартот на новата сезона.

Популарните „вештери“ од Кампања оваа сезона за прв пат влегоа во Серија А, а на стартот на натпреварувањето забележаа девет последователни порази со гол-разлика 2-22, што е најлош резултат на една екипа на почетокот на италијанската лига.
Педесет и четиригодишниот Барони е сменет по најновиот пораз против Фиорентина (3-0), додека на негово место ќе дојде 38-годишниот Роберто де Зерби.
Де Зерби во играчката кариера беше член на: Милан, Монца, Падова, Авелино, Салернитана, Леко, Фоџа, Арецо, Катанија, Наполи, Бреша, Клуж и Тренто.
Како тренер ги водеше Дарфо Боарио, Фоџа и Палермо, што му е единствено искуство како тренер во Серија А.