Корисничко име Лозинка Пријави се
30.10.2017

Роналдо – од летоска повеќе суспензии отколку голови

Кристијано Роналдо би можело оваа сезона по десет одиграни натпревари на Реал во Ла Лига, да има две суспензии поради инциденти, а даде еден гол.

Ѕвездата на Реал Мадрид првите четири натпревари во оваа сезона ги пропушти поради инцидентот во августовскиот дел на Суперкупот со Барселона, кога го турна арбитерот Рикардо де Бурхос Бенгоечеа.
Сега му се заканува нова суспензија ако Фудбалскиот сојуз на Шпанија уште еднаш не биде благонаклонет кон Португалецот.
Во вчерашниот пораз од Хирона (2-1), Роналдо го удри домашниот играч Пере Понс во текот на дуелот во казнениот простор на каталонската екипата.
Иако може да се расправа за вториот гол кој Хирона го даде од офсајд, неочекувана е фрустрацијата на Роналдо на натпреварот до којшто постигна само еден гол во Ла Лига и имаше една асистенција на шест натпревари.
Португалецот досега во сезонава вкупно има постигнато седум голови во сите натпреварувања.

Најнови вести