Корисничко име Лозинка Пријави се
31.10.2017

Иско ги подбуцнува соиграчите против Роналдо

Во соблекувалната нема мир откако клубот влезе во резултатска криза и има осум бодови помалку од водечката Барселона.

Како што обично се случува среде криза, сите покажуваат со прст еден кон друг, а никој не е подготвен да ја признае својата одговорност.
Флорентино Перес, претседателот на кралскиот клуб, му е лут на тренерот Зинедин Зидан. Тој долго време имаше трпение за него, но изгледа дека и на тоа му се ближи крајот.
На Перес исклучително тешко му паднал поразот од Хирона во последното коло, а уште повеќе го изнервирала изјавата на Зидан дека имале лош ден.
Од друга страна, во соблекувалната нема мир. Иско е незадоволен што загарантирано прво место во тимот имаат Кристијано Роналдо и Карим Бензема, иако не се ефикасни.
Тој го побуни и останатите соиграчи, главно резервните фудбалери, да се побунат против Кристијано Роналдо.
Најдобриот фудбалер на светот многу лошо ја почна оваа сезона, а Иско и останатите сметаат дека дошло време за смена на генерацијата бидејќи Кристијано веќе има 32 години и дека не може да биде недопирлив.
Покрај Португалецот, на побунетите им смета и тоа што Бејл не е продаден во летниот преоден рок.
Останува да се види како тренерот Зинедин Зидан и челниците на клубот ќе ја решат оваа ситуација. За почеток, триумф против Тотенхем во Лигата на шампионите би решил доста работи.

Најнови вести