Корисничко име Лозинка Пријави се
06.11.2017

Вест хем му даде отказ на Билиќ

Славен Билиќ, тренерот на Вест хем, доби отказ поради лошите резултати на екипата, која се наоѓа во зоната за испаѓање, на 18-тото место со девет освоени бодови, пренесоа медиумите од Островот.

Вест хем во саботата изгуби на домашен терен од Ливерпул со 1-4.
Британските медиуми претходно наведоа дека управата на Вест хем сака Билиќ да остане тренер до крајот на сезоната, односно да го заврши тригодишниот договор потпишан во јуни 2015 година, но дека по поразот од Ливерпул, но и од Брајтон пред тоа, водечките луѓе на лондонскиот клуб ќе мора да ја разгледаат и другата опција.
Дејвид Мојс, поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, изјави дека е заинтересиран за работата во Вест хем, пренесоа денес британските медиуми.
„Да, заинтересиран сум. Никој не ме контактирал од Вест хем, но сакам да ѝ се вратам на работата. Ако се појави вистинска можност, би бил заинтересиран, но да би се вратил, другиот тренер мора да добие отказ, а јас тоа никому не му го посакувам“, изјави Мојс за британските медиуми.
На прашањето дали може да ѝ се врати на работата по двоседмичната пауза во првенствата, Мојс изјави: „Навистина не знам. Се надевам“.
Медиумите шпекулираа дека Мојс би можело да стане селектор на Шкотска.
„Би сакал еден ден да биде селектор на Шкотска. Не знам дали сега е вистинското време за тоа, повеќе би сакал да работам во клуб. Ако не се појави некој клуб, тогаш би можело и да се премислам“, изјави Мојс.

 

Најнови вести