Корисничко име Лозинка Пријави се
08.11.2017

Дембеле подготвен до Ел Класико

Усман Дембеле, најскапиот фудбалер во историјата на Барселона, ќе биде подготвен за натпреварот против Реал Мадрид на 22-ри декември.

Дембеле летоска дојде во Каталонија од Борусија Дортмунд за 104 милиони евра, но на 17-ти септември доживеа тешка повреда на задниот дел на бутниот мускул.
Иако враќање на теренот по операцијата е предвидено дури за наредната година, закрепнувањето на 20-годишниот фудбалер се одвива побрзо од очекуваното, но од Барселона изјавија дека нема да го притискаат да игра во Ел Калсико.
Репрезентативецот на Франција за клубот од Каталонија дебитираше на деветти септември во градското дерби против Еспањол, а само осум дена подоцна доживеа повреда во дуелот против Хетафе.
Дембеле професионалната кариера ја почна во 2014 година во Рен.

Најнови вести