Корисничко име Лозинка Пријави се
18.11.2017

Симеоне: Гриезман е во многу добра форма

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Матдрид, изјави дека напаѓачот Антоан Гриезман е во многу добра форма, иако нема постигнато гол во последните седум натпревари.

„Неговата форма е многу добра. Тој е најважниот офанзивен играч што го имаме, играч со најдобро избалансирани квалитети“, изјави Симеоне.
Гриезман оваа сезона постигна само два гола во првенството, а вкупно три во сите натпреварувања, а нема постигнато погодок од септември, во последните седум натпревари.
И покрај тоа, тренерот на Атлетико изјави дека е уверен дека неговите фудбалери ќе се борат за шампионската титула оваа сезона.
„На екипата добро ѝ оди во првенството, дури иако го немаме видено најдоброто од Гриезман“, додаде тој.
Симеоне изјави дека е нормално тоа што Гриезман е во центарот на критиките бидејќи е една од најголемите ѕвезди на клубот.
„Тоа се случи и со (Радамел) Фалкао, (Диего) Коста, Диего Рибас, (Фернандо) Торес... Такви ситуации секогаш им се случувале на талентираните играчи, бидејќи за нив сите зборуваме“, изјави Симеоне.
По 11 одиграни кола во Примера лигата, Атлетико е четврти на табелата со 23 освоени бода, колку што има и третопласираниот Реал Мадрид. Прва е Барселона со 31, а Валенсија е на второто место со 27 бода.

Најнови вести