Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2017

УЕФА избра тим на векот

УЕФА го направи изборот на најдобри играчи и на најдобри клубови во овој век.

Тимот е направен врз основа на успесите, победите и рангирањето на клубовите и играчите во последните 17 години, а со тоа веројатно многумина ќе се согласат.
На голот е Икер Касилјас, кој шести пат беше во тимот на УЕФА, од 2007 до 2012 година.
Во одбраната беше Рамос, кој беше избиран пет пати, и Пике, кој е избран еднаш повеќе. Тука е и Пујол, кој имаше пет номинации и последен пат се најде во 2014 година, пред повлекувањето.
Тој е десно, лево беше Лам, исто така пет пати во идеалниот тим.
Чави, човекот кој најмногу пати го облече дресот на Барселона, го предводи редот за врска, неизбежен е и Иниеста, кој шест пати беше во најдобрата екипа на УЕФА.
На играчите на Барселона друштво им прави Стивен Џерард. Легендарниот капитен на Ливерпул три пати во низа, од 2005 до 2007, се најде во тимот. Тоа е и најпроблематичниот избор, бидејќи и Андреа Пирло би требало да се најде во овој тим. Тој само два пати беше во идеалниот тим, што дури е и смешно, иако два пати ја освои Лигата на шампионите и уште два пати играше во финалето.
За Меси и за Роналдо не треба посебно да се објаснува, а покрај нив, во тимот се најде и Тиери Анри, кој има пет номинации.
Што се однесува до пласманот на клубовите во последните пет сезони, Реал Мадрид е прв, пред Атлетико и Барселона, „јорганџиите“ за малку ќе ја престигнеа Барселона, четврти е Баерн Минхен, петти Јувентус, а потоа следуваат: Севилја, ПСЖ, Манчестер сити, Борусија Дортмунд и Арсенал.
Шпанците целосно доминираат меѓу играчите, дури шестмина имаат место, а во оваа деценија доминираат и на клупско ниво.

Најнови вести