Корисничко име Лозинка Пријави се
21.12.2011

Симеоне даде отказ во Расинг

Диего Симеоне, поранешниот аргентински репрезентативец, поднесе оставка на местото тренер на фудбалскиот прволигаш Расинг од Буенос Аирес.

Под негово водство Расинг оваа сезона заврши на второто место, зад градскиот ривал Бока јуниорс.
Родолфо Молина, потпретседателот на Расинг, за локалните медиуми потврди дека Симеоне ја напушти екипата, но не знае дали кариерата веднаш ќе ја продолжи на клупата на некој друг клуб.
Шпанските медиуми претходните денови шпекулираа дека тој би можело да го замени Грегорио Манцано на клупата на Атлетико Мадрид. Аргентинецот играше за Атлетико од 1994 до 1997 и од 2003 до 2005 година.
Во досегашната тренерска кариера Симеоне ги водеше екипите на Сан Лоренцо, Ривер плате, Естудијантес и Катанија. Со Ривер и Естудијантес ја освои титулата шампион на Аргентина.

Најнови вести