Корисничко име Лозинка Пријави се
02.1.2018

Најдобриот Хрват – Модриќ се изедначи со Шукер!

Лука Модриќ, играчот за врска на Реал Мадрид, вчера беше прогласен за најдобар хрватски играч во минатата година, со што се изедначи со легендарниот Давор Шукер.

Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ вчера беше прогласен за најдобар хрватски фудбалер во 2017 година.
Играчот за врска на Реал Мадрид ова престижно признание го освои шести пат во кариерата, што значи дека го изедначи рекордот на Давор Шукер.
Лука Модриќ со години наназад е најдобриот хрватски играч, иако мора да се каже дека силна конкуренција му е Иван Ракитиќ, кој настапува за Барселона.
Поранешниот фудбалер на Динамо од Загреб претставува движечка сила на Реал Мадрид и на репрезентацијата на Хрватска, која во текот на летото ќе ја предводи на Мундијалот во Русија.
Модриќ со Реал Мадрид во текот претходната година ја освои шампионската титула во Шпанија, а ја одбрани и европската титула. Во тековната сезона Хрватот со Реал освои два трофеја на Суперкупот и титулата на Светското клупско првенство.

Најнови вести