Корисничко име Лозинка Пријави се
24.1.2018

Маскерано по седум и пол години ќе го напушти „Камп ноу“

Аргентинскиот фудбалер Хавиер Маскерано ќе ја напушти Барселона по седум и пол години поминати на „Камп ноу“, соопшти вчера каталонскиот клуб.

Барселона соопшти дека денес ќе биде организирана средба за збогување, а дека на тој собир ќе присуствува претседателот на клубот, како и првотимците на Барселона.
„Играчот со навивачите ќе се поздрави пред почетокот на утрешниот натпревар против Еспањол во Кралскиот куп“, наведе Барселона.
Хавиер Маскерано во Барселона дојде во 2010 година од Ливерпул.
Тој за каталонскиот клуб одигра 334 натпревари и освои вкупно 18 трофеи, од кои два во Лигата на шампионите и четири во Примера лигата.
Според наводите на шпанските медиуми, Маскерано кариерата ќе ја продолжи во кинескиот клуб Хебеј Фортун, кој од клупата го предводи Мануел Пелегрини, некогашниот тренер на Манчестер сити и на Реал Мадрид.

Најнови вести