Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2018

Среќата и Џака го реализираа пресвртот, „топчиите“ во финале

Фудбалерите на Арсенал се пласираа во финалето на англискиот Лига куп со победата над Челзи со 2-1 во реваншот на „Емирати“.

Првиот натпревар беше одигран без голови, а во вториот Челзи почна подобро бидејќи Еден Азар уште во седмата минута ги доведе „сините“ во водство.
Добрата комбинација со Педро и истрчувањето на Белгиецот му оставија мала шанса на Давид Оспина да одбрани бидејќи брзоногиот Азар излезе сам пред него и лесно го совлада.
Само пет минути подоцна, топката се одби од Ридигер на патот до голот и заврши во мрежата на Челзи, а тој постигна автогол. За третиот гол се чекаше помалку од еден час, до 60-тата минута.
Нападот на Арсенал не ветуваше премногу, Лаказет помина по десната страна и не можеше покрај Кристијансен, но топката можеше. Напаѓачот на Арсенал ја испрати на пет метри, со малку среќа се одби од Гранит Џака, а тој подарокот го прифати со двете раце и го пласира во мрежата на голот на Кабалјеро.
Арсенал со победата се пласира во финалето во кое го чека Манчестер сити, кој беше подобар од Бристол во неговиот двомеч.

Најнови вести