Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2018

Конте: Не е лесно кога Баркли ти е единствена измена

Рос Баркли дебитираше за Челзи во поразот од Арсенал во полуфиналето на Лига купот, а потоа доби и необична критика од Антонио Конте.

Рос Баркли во овој преоден рок во Челзи дојде од Евертон и во дебито за „сините“ за прв пат се врати на теренот по повредата. Баркли влезе во игра како рана замена откако се повреди Вилијан, а Конте по елиминацијата во полуфиналето, на конференцијата за медиумите изјави дека за сè е виновна токму замената која ја направил.
„Кога ќе ви се повреди еден од најдобрите играчи, никогаш не е лесно. Посебно кога единствена замена која ја имате на располагање е Рос Баркли“, изјави Конте пред да се обиде барем малку да го ублажи неговиот коментар.
„Баркли има многу простор за напредок, со нас тренира две седмици, но оваа измена денес беше изнудена“, додаде менаџерот на Челзи.
На прашањето дали тоа значи дека му се потребни нови засилувања, Конте кратко изјави:
„Не ми треба ништо, јас сум тренер и продолжувам да работам со моите играчи“.

Најнови вести