Корисничко име Лозинка Пријави се
10.2.2018

Фиорентина оправдано доби пенал, ВАР го поништи, Јувентус славеше

Навивачите на Наполи се надеваа дека Јувентус би можело да направи кикс во Фиренца, но тоа не се случи.

Јувентус вчера славеше во дербито на колото во Серија А, на тешкото гостување кај Фиорентина.
Шампионот на тој начин повторно се врати на табелата и притисокот му го префрли на Наполи. Големата победа на тимот од Торино ја обезбедија Бернардески и Игуаин со погодоците во второто полувреме.
Но, во Италија наредните денови најмногу ќе се зборува за технологијата ВАР. На Фиорентина оправдано ѝ беше досуден пенал откако Кјелини одигра со рака.
Во тој момент, Пјаниќ влезе во шеснаесетникот на ривалот, се вмеша во изведувањето на казнениот удар, а судиите коишто со технологијата ВАР ја проверуваа исправноста на одлуката на младиот арбитер Гвиде, по речиси пет минути, пеналот со некакво чудо беше поништен, и тоа поради наводен офсајд.
Натпреварот го обележа и јубилејот на Џанлуиџи Буфон, голманот и капитен на црно-белите“, кој синоќа го одигра 500-тиот првенствен натпревар за Јувентус.
По 20 победи во првенството, Јувентус е прв на табелата со 62 освоени бода, со два повеќе од Наполи, кој денес ќе игра против Лацио.

Најнови вести