Корисничко име Лозинка Пријави се
24.12.2011

Официјално Симеоне нов тренер на Атлетико

Аргентинецот Диего Симеоне е новиот тренер на Атлетико Мадрид. Веста беше и официјално потврдена од редовите на шпанскиот прволигаш, а новиот тренер ќе биде претставен на „Винсенте Калдерон“ во вторник.

„Симеоне ја прифати понудата да ја предводи екипата до крајот на сезоната, плус уште една сезона, а во Мадрид ќе пристигне во понеделник и тогаш ќе почне со работа“, изјавија од клубот.
Тој е именуван како нов тренер само еден ден по смената на Грегорио Манцано. А Аргентинецот во два наврати ги бранеше боите на Атлетико во својата играчка кариера, додека, пак, ова ќе му биде шести клуб во тренерската кариера, по Расинг, Естудијантес, Ривер плате, Сан Лоренцо и Катанија.

Најнови вести