Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2011

Повредата на Ван дер Варт не е сериозна

Повредата на задниот дел на бутниот мускул на холандски фудбалер во Тотенхем, Рафаел ван дер Варт, е од полесна природа.

Холандскиот играч за врска на Тотенхем се повреди во четвртокот, во лондонското дерби против Челзи (1-1), кога мораше да го напушти теренот на „Вајт харт лејн“ веќе на полувремето.
Во клубот се плашеа дека ќе останат без неговите услуги на подолго време, но деталните прегледи покажаа дека нема ништо пукнато.
„Ван дер Варт изгледа во ред. Мислевме дека можеби дошло до напукнување на мускулот, но прегледите го покажаа спротивното“, рече Хари Реднап, менаџерот на Тотенхем.
Тоа значи дека Ван дер Варт би можело да заигра уште утре, кога Тотенхем гостува кај Норвич на „Кароу роуд“ во 18-тото коло на Премиер лигата.

Најнови вести