Корисничко име Лозинка Пријави се
22.2.2018

Серхи Роберто во Барселона до 2022 година, клаузулата половина милијарда евра

Серхи Роберто, фудбалерот на Барселона, денес го продолжи договорот до јуни 2022 година, а откупната клаузула изнесува 500 милиони евра, соопшти каталонскиот клуб.

Роберто ги помина помладите категории на Барселона, за првиот тим дебитираше уште во 2010 година, но во екипата се смести дури во септември 2013 година.
Фудбалерот кој ќе остане запаметен по голот што го постигна против ПСЖ минатата сезона за победата со резултат 6-1, досега одигра 185 натпревари за клубот и освои 18 трофеи. За репрезентацијата на Шпанија одигра три натпревари.

Најнови вести