Корисничко име Лозинка Пријави се
06.4.2018

И Јувентус го сака Гриезман

По Барселона и Манчестер јунајтед, наводно и италијанскиот Јувентус е заинтересиран за Антоан Гриезман, напаѓачот на Атлетико Мадрид.

„Старата дама“ по дебаклот од Реал во првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите (0-3), одлучила што побрзо да инвестира во врвни засилувања, а приоритет на Масимилијано Алегри е Гриезман.
Гриезман во договорот со Атлетико има откупна клаузула од сто милиони евра, што е за половина помалку од онаа од претходниот договор кој важеше минатото лето.
Јувентус е заинтересиран и за Уругваецот Хосе Марија Хименес, дефанзивниот играч на Атлетико, во кого клубот од Торино гледа идеално решение за подмладување на неговата задна линија.

Најнови вести