Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2018

За прв пат во фудбалот: Даваше интервју за време на мечот

Голманот Бред Гузан не се прослави, бидејќи прими гол 23 секунди по разговорот

Американскиот голман, Бред Гузан влезе во историјата на фудбалот, но не по некоја мајсторска одбрана. Гузан стана првиот кој на фудбалскиот терен додека играше, даде интервју за време на средбата.
Тоа се случи на дуелот меѓу Јувентус и МЛС ѕвездите. Голманот на американските ѕвезди беше озвучен и преку микрофонот кој го имаше закачено на неговиот дрес, даваше интервју за една телевизија. 
Ваквата практика да се дава интервју за време на играта е нормална во крикетот, но во фубдалот се случи за прв пат. Гузан влезе во историјата, но само 23 секунди по разговорот, голманот прими погодок и мораше да ја вади топката од својата мрежа. 

 

Најнови вести