Корисничко име Лозинка Пријави се
17.1.2012

Херта без капитенот Мијатовиќ на гостувањето кај Нирнберг

Андре Мијатовиќ, 32-годишниот хрватски фудбалер и капитен на Херта од Берлин, нема да му биде на располагање на тренерот Михаел Скибе за гостувањето на Херта кај Нирнберг во саботниот дуел на 18-тото бундеслигашко коло.

„Морам да бидам трпелив. На добар пат сум, но пред мене се уште две до три седмици закрепнување“, изјави хрватскиот одбранбен играч, поранешен фудбалер на Риека и Динамо.
Мијатовиќ има повреда на глуждот. Со полесни тренинзи би требало да почне следниот понеделник.

Најнови вести