Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

ВАР системот донесе победа за Барселона

На Валјадолид му беше поништен погодок во 92 минута за 1:1

Барселона се намачи, но на крајот победи минимално со 1:0 на гостувањето кај Валјадолид, во второто коло од Примера дивисион. Дембеле во 57 минута го постигна погодокот вреден три бода за каталонскиот гигант. 
Шпанскиот првак имаше многу среќа на овој меч. Фаворитот воопшто не делуваше убедливо, а Валјадолид се покажа како незгоден домаќин. Каталонците упатија само 10 удари кон голот на Валјадолид, од кои само пет беа во рамките. За нивна среќа, шутот на Дембеле заврши во мрежата.
Малку недостасуваше Барселона од ова гостување да се врати со само еден бод. Во судиското надополнување, односно во 92 минута, Валјадолид постигна гол, за голема радост на трибините. Гостите се бунеа и бараа прегледување на таа ситуација. 
Во Примера дивисион од оваа сезона се користи ВАР системот, односно судиите имаат помош од видео снимката. Токму видео снимката покажа дека погодокот бил постигнат од офсајд позиција, па радоста на домаќините беше скратена. Судијата Рикардо де Бургос Бенгочеа го поништи погодокот, а Барселона се радуваше на победата.

 

Најнови вести