Корисничко име Лозинка Пријави се
13.4.2012

Гатри ќе игра против Стоук

Дени Гатри, играчот за врска на Њукасл, ќе биде подготвен за натпреварот против Стоук, како и за борбата на својата екипа за место во Лигата на шампионите наредната сезона.

Гатри ги пропушти велигденските кола, во кои неговиот тим успеа да извојува две сигурни победи: над Свонси со 2-0, и со истиот резултат против Болтон.
Иако иднината на Гатри сè уште е неизвесна бидејќи преговорите за новиот договор и понатаму траат, а нема никаков напредок, негова цел е тој да ги одигра сите натпревари до крајот и да му помогне на својот тим да го освои посакуваното четврто место.
„Ги пропуштив велигденските натпревари, сè уште чувствувам мали болки во мускулот, но далеку од тоа дека нема да можам да игра. Прогнозите беа десет дена до две седмици, но јас веќе се чувствувам одлично и сакам да му помогнам на мојот тим во целите, а што се однесува за продолжување на договорот, и тоа ќе го оставам за по завршувањето на сезоната“, рече Гатри.

Најнови вести