Корисничко име Лозинка Пријави се
30.5.2012

Руски бизнисмен го купи Ридинг

Рускиот бизнисмен Антон Зингаревич го купи поголемиот пакет со акции на новиот англиски премиерлигаш Ридинг.

Компанијата „Темз спорт инвестмент“, чиј сопственик е Зингаревич, за сума од околу 40 милиони фунти (50 милиони евра) купи 51 отсто од акциите на клубот.
„За нашиот клуб сега почнува нова, успешна ера и нè чека голем предизвик во Премиер лигата“, стои во соопштението на клубот.
Оваа сезона екипата на Ридинг, од истоимениот град западно од Лондон, го освои првото место во Шампионат лигата (втората по ранг англиска лига).

Најнови вести