Корисничко име Лозинка Пријави се
09.7.2012

Кеита потпиша за Далијан

По еден ден откако е објавено раскинувањето на неговиот договор со Барселона, малискиот фудбалер за врска Сеиду Кеита официјално стана играч на кинескиот Далијан Аербин.

Две и полгодишниот договор со новите работодавци Малиецот го потпиша викендов во Париз.
Во својата нова екипа 32-годишниот Кеита ќе го добие бројот 20, а ќе ѝ се приклучи на 16-ти овој месец, по седумдневниот одмор во татковината.
Договорот со Барселона го раскина и покрај фактот што беше со важност до 30-ти јуни 2014 година. Тоа му го овозможи договорната клаузула за процентно одиграни натпревари за Каталонскиот клуб. Кеита минатата сезона беше под 50 отсто минутажа.

Најнови вести