Корисничко име Лозинка Пријави се
18.7.2012

Тотенхем во јуриш по Хулк

Менаџерот на Тотенхем, Андре Вилаш-Боаш, се надева дека ќе успее да го украде бразилскиот напаѓач Хулк од рацете на Челзи.

Асот на Порто многу добро го познава новиот тренер на Тотенхем од времето кое заедно го поминаа во Португалија, а на Вилаш-Боаш, очигледно, му е одобрено да го доведе возбудливиот напаѓач во своите редови.
Челзи останува фаворит во борбата за договор со Хулк, а Манчестер сити, исто така, е заинтересиран, но Тотенхем е подготвен да се приклучи во брканицата, иако може да биде исклучен кога ќе почне да се разговара за пари.
 Порто бара 38 милиони фунти за 25-годишниот играч, кој бара плата од 100.000 фунти седмично. Таков пакет може да го исфрли Тотенхем надвор од математиката, но тие не губат надеж дека можат да ги убедат Порто и фудбалерот да ги намалат своите барања.

Најнови вести