Корисничко име Лозинка Пријави се
29.9.2012

Подметната лажна бомба со фотографија на Хулк

Полицијата во Санкт Петерсбург потврди дека во тренинг кампот на Зенит е пронајдена лажна експлозивна бомба со фотографија на скапо платеното бразилско засилување, Хулк, пренесоа руските медиуми.

Во торбата во која лажната бомба била скриена, полицијата нашла и порака во која пишувала „Хулк надвор“.
Во Зенит последните две недели е вистинска бура поради одлуката на раководството на клубот во последниот ден на преодниот рок да плати 90 милиони евра за доаѓањето на Хулк од Порто и Белгиецот Аксел Вицел од Бенфика.
Стандардниот првотимец и капитен на репрезентацијата на Русија Игор Денисов и најдобриот стрелец Александар Кержаков беа исфрлени од првиот тим затоа што протестираа поради трошење на многу пари за двете засилувања.
Денисов и понатаму тренира со младинците, а Кержаков по разговорот со тренерот Лучијано Спалети е вратен во првиот тим на Зенит.

Најнови вести