Корисничко име Лозинка Пријави се
07.11.2012

Киднапираната сестра на Хулк на слобода

Анжелика Апаресида Виера, 22-годишната сестра на Хулк, бразилскиот фудбалер на Зенит, вчера е пуштена на слобода по два дена откако беше киднапирана.

Според извештаите на локалните медиуми, сестрата на Хулк вчера, околу 48 часа по киднапирањето, е пронајдена како лута сама по улиците на Сао Пауло.
Сестрата на напаѓачот на Зенит, наводно, е киднапирана во бразилскиот град Кампина Гранде, пред ресторанот во кој во понеделник работи како нутриционист. Сопственикот на ресторанот Хелио да Силва на полицијата ѝ рече дека Анжелика Виера е извлечена од сопственото возило, а потоа одведена во комбето на киднаперите.
Полицијата го истражува целиот инцидент, а по разговорот со киднапираната би требало да добие повеќе траги за продолжување на истрагата.

Најнови вести